Уживајте во омилените обувки со поголема удобност
Новите чевли понекогаш бараат време за целосно да се прилагодат на стапалото. Кај некои модели, особено ако се малку пошироки во пределот на петата, може да се појави движење на стапалото во обувката, што влијае на чувството на удобност. Heel Pad Grip е самолепливо кожно перниче за пета, дизајнирано да придонесе за подобро прилегање на обувката, постабилно чувство при чекорење и поголем комфор во пределот на петата. Благодарение нак омбинацијата од мека јагнешка кожа, карбосан пена и самолеплива основа, лесно се поставува и е погоден за различни видови машки и женски обувки.
Зошто да го изберете Heel Pad Grip?
✔ Мека природна јагнешка кожа за пријатен контакт.
✔ Карбосан пена за дополнителна удобност.
✔ Самолеплива основа за сигурно поставување.
✔ Придонесува за подобро прилегање на обувката.
✔ Помага петата да остане постабилна при движење.
✔ Универзална големина.
✔ Погоден за машки и женски обувки.
✔ Брзо поставување без дополнителни алатки.
Идеален избор ако:
✔ Новите чевли ви се малку пошироки во пределот на петата.
✔ Сакате петата да остане постабилна при одење.
✔ Барате дискретен додаток што не го менува изгледот на обувката.
✔ Сакате едноставно решение што се поставува за неколку секунди.
Три внимателно избрани слоја
1. Мека јагнешка кожа
Горниот слој е изработен од природна јагнешка кожа која овозможува мек и пријатен контакт со петата.
2. Карбосан пена
Внатрешното перниче од карбосан пена придонесува за дополнителна удобност во пределот на петата и создава попријатно чувство при секој чекор.
3. Самолеплива основа
Самолепливиот слој овозможува Heel Pad Grip сигурно да остане поставен во обувката, без непотребно поместување при носење.
1 - мека јагнешка кожа
2 - карбосан перниче
3 - самолеплив слој



